Микробилогот кој ја открил еболата за коронавирусот: Ковид – 19 е многу полош?
Професор Питер Пиот, еден од водечките светски микробиолози, изјави дека новиот вирус е многу поопасен од еболата.
Пиот кој во 1976 година ја открил еболата, за Ковид-19 кажал дека е поопасен затоа што многу лесно се шири.
-За да се заразите со ебола, мора да имате исклучително близок контакт со заразената личност, Луѓето многу се плашат од еболата, но може многу лесно да се контролира, изјавил Пиот.
– Ковид-19 е загрижувачки затоа што се работи за вирус кој што се шири по дишните патишта. Многу е заразен затоа што во грлото постојат многу вируси така што може да се заразите и во текот на разговор со заразена личност, додал Пиот.
One of the world's leading microbiologists, Professor Peter Piot, has said that #COVID19 is 'much, much worse than Ebola'
Read the latest on #coronavirus here: https://t.co/N3UA8CjGYu pic.twitter.com/26t8yMwkWW
— Sky News (@SkyNews) March 12, 2020