Михаjловска-Георгиева и Ќорвезироска во врвна светска женска проза на руски

– Во Москва пред Меѓународниот ден на жената излезе од печат збирка раскази под наслов „Со неjзини зборови“. Книгата содржи кратка проза на жени-писателки од 16 земjи (Австриjа, Велика Британиjа, Унгариjа, Венецуела, Германиjа, Шпаниjа, Италиjа, Канада, Кина, Куба, Македониjа, САД, Турциjа, Франциjа, Шваjцариjа, Jапониjа).
Збирката jа обjави АСПИР (Асоциjациjа на друштвата на писатели и издавачи на Русиjа). Во предговорот издавачот истакнува дека авторите на збирката се жени од разни епохи и континенти, претставници на разни култури. Родени се во XIX и XX век во Европа, Азиjа, Америка… Тоа се како врвни, признаени во целиот свет писателки, така и тие кои во последно време го засилуваат гласот. Ова е проза на паметни, разумни и образовани жени. На над 500 страници во книгата тие водат разговор – помеѓу себе и со нови читатели кои можат да стекнат благодареjќи му на преводот.
Расказите ги обединува не темата, туку ракурсот – посебен психологизам, внимателно набљудување на животот и прецизно човекопознавање.
Во книгата се застапени македонските жени-писатели Jагода Михаjловска-Георгиева со расказот „Тибетец“ (оригинален наслов „Препознавање“) и Оливера Ќорвезироска со расказот „(С)плетение слов“ („(С)плетен расказ“) во превод на руски на Олга Панкина.