Мицотакис: Турција продолжува да провоцира околу Кипар
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Турција продолжува да провоцира со својот пристап кон етнички поделениот Кипар.
Мицотакис, на денешната средба со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис во Атина оцени дека Анкара е меѓународно изолирана.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека кипарските Грци мора да се согласат дека кипарските Турци ќе имаат паритет во одлучувањето при управувањето со земјата пред да продолжат преговорите за обединување на островот. Тој, исто така, рече дека ќе продолжи турската експлоатација на природен гас во водите во кои меѓународно признатата Влада на Кипар има ексклузивни права. Кипарските Грци одбиваат да работат на заеднички истражувања на јаглеродоводород со кипарските Турци.