Мицотакис изрази сочувство до семејствата на жртвите на Халкидики


Сочувство до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики изрази грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сакам да го изразам моето искрено сочувство за семејствата на жртвите од катастрофалното невреме на Халкидики и да им посакам брзо оздравување на оние кои што се хоспитализирани. Вложуваме максимални напори за справување со проблемите и санирање на штетата, напиша Мицотакис на Твитер.