Мицоски смени став, БРТ не е лоша идеја за Скопје


ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од БРТ во Скопје, иако беа обезбедени европски пари за истиот и веќе годинава Скопје требаше да биде налик европска метропола. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека наеднаш се премислил за ова решение и дека со мали измени ќе го имплементира односно поддржи.

Измените се во насока дека источнo-западната траса, првично планирана до Ѓорче Петров, ќе се продолжи најмалку до Сарај, а паралелно ќе се развива и линија север–југ што би ги поврзала Бутел со Кисела Вода и Драчево.

Тој најави рестартирање на разговорите со европски финансиски институции и усогласување на техничкото решение со кредиторот, со цел теренските активности да почнат во 2026–2027 година.