Мицковски се согласил место 20 отсто неодредени да стои „Албанци“ во Уставот?
Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно се извинил за 27 април, и дека тоа е голема порака.
Таравари рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20% од населението. Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20%.