Мицкоски уште им давал шанса на овинителите и судиите, потоа ќе „предложиме наши луѓе“
Претставувајќи се како некаков врховен арбитер премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека неколку пати биол разочаран од судии и обвинители, иако имале „имале шанса за работат согласно законите и Уставот“. Во интервјуто на МРТ тој рече дека „одредени обвинители и судии работат калкулантски, односно постапуваат според навигација добиена од други центри, коишто ги предложиле да бидат таму каде што се“.
„Еве еден пример којшто не го знае јавноста за и каде што беше констатирана злоупотреба сериозна и штета на државниот буџет, во случајот на општински буџет за околу 70, 80 милиони денари. Од страна на судијата му беше одредена мерка на претпазливост, да се јавува еднаш во судот неделно. И сега ќе влеземе во еден процес којшто ќе трае можеби децении“, рече тој.
„Но, не сакам ова да звучи како притисок врз обвинителите и судиите. Мене можеби најлесно како претседател на Владата, како што велите вие имате две третини да ги смениме сите овие, да им направиме интерпелација, и на нивните места да донесеме луѓе кои што ние ќе ги предложиме. И можеби ние тогаш ќе имаме робусна, жестока, јака битка. Ама тогаш ќе речат еве донесовте партиски кадри, се симнаа едните, дојдоа другите, и сето тоа ќе фрли дамка во процесот. Затоа ние велиме, имаме јавен обвинител кој што го избрал претходното мнозинство. Да имаме 80 пратеници, но велиме еве овој обвинител од претходното раководство од СДСМ и ДУИ нека обвинува согласно закон, онака како што треба.
За да не се создаде впечаток дека со промена на судиите и обвинителите ќе се партизира судството, Мицкоски вели дека „им даваат шанса. Но таа шанса нема да биде до недоглед. Таа шанса се ситни, се троши. И кога ќе видиме дека не го направил тогаш логично е да предложиме наши луѓе во кои веруваме дека ќе го испорачаат тоа кое што очекуваме ние и граѓаните да го испорачаат, тоа е битка против криминалот и корупцијата.
Еве даваме шанса, да не биде дека не сме дале, дека партизираме, еве повелете господа обвинувате и судите согласно закон и Устав. До сега сум разочаран во неколку случаи“, нагласи премиерот.