Мицкоски тврди дека власта била исплашена од новите кадри на ВМРО-ДПМНЕ


Од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш

На овие избори ќе победи иднината и надежта која ќе ја смени сликата на македонската политика, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од митингот во Радовиш. „Нова иднина која што се темели на шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се види светлината и покрај сите темнини“, рече Мицкоски и нагласи дека власта била исплашена „бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нуди нови мотивирани и свежи луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат, а не да печалат за себе“.

Тој додаде дека се бори за иднина во која заедно со граѓаните ќе се градат мостови и ќе се рушат ѕидови меѓу народот, иднина која ќе значи почит за земјоделците, работниците, иднина и надеж за народот.