Мицкоски предлага формирање кризен штаб заради енергетската криза


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предлага формирање кризен штаб заради енергетската криза. Одговараќи на новинарско прашање во Пештани, тојј ја повика власта сериозно да ја разгледа ново станатата ситуација на полето на енергетика.

„Ги повикувам веднаш да седнат, да формираат кризен штаб и на тој кризен штаб да се разгледаат сите сценарија затоа што ни доаѓа зима којашто според предвидувањата на метеоролозите ќе биде исклучително студена, ќе биде зголемена потрошувачката на електрична енергија и јас не би сакал да имаме ние рестрикции коишто граѓаните ќе ги почувствуваат на своја кожа“, рече Мицкоски.

Тој рече дека оваа енергетска криза ја предвидел уште пред четири месеции дека  предложил намалување на ДДВ, што било прифатено, а тој тоа го поздрави.

„Гледате денеска и дел од европските земји прифаќаат намалување на ДДВ-то за струјата и за гасот и предупредивме тогаш дека и тоа не е доволно, бидејќи навистина имајќи го предвид сето ова што се случува на енергетскиот пазар во Европа, дека ние сме пред вратата на енергетска криза и дека ќе се соочиме со таа енергетска криза, но не нѐ слушаа тогаш и еве денеска со тоа се соочуваме“, рече Мицкоски.

Според него, власта „создаваат дополнителни проблеми, сега тонат сѐ подлабоко во тоа мочуриште, а на крајот на денот цената ќе ја плаќаат граѓаните и компаниите со повисока цена на струјата, а можни се и рестрикции доколку не успее Владата да обезбеди“.