Мицкоски ќе се жали во Стразбур за конфискувањето на Белата палата


Фото: Б. Грданоски
 
 

Судската одлука за конфискување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски ја нарече политички прогон и дефокусирање од економската и енергетска криза. Рече дека нема да седат со скрстени раце, ќе се жалат, но не до домашните судови во кои немаат доверба, туку до судот во Стразбур.

Откако вчера студентите од Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ побараа објектот да се претвори во студентски дом, денеска со поддршка на оваа идеја излезе и младинскиот форум на Социјалдемократите.

Од друга страна младите на ВМРО-ДПМНЕ во видео снимка од студентскиот дом Стив Наумов велат дека условите се ужасни и наликуваат на хорор филм. Ги повикуваат студентите во што поголем број да излезат на протест на 18 јуни.

Конфискувањето на главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и други 30 седишта, може да се реализира доколку Апелација ја потврди одлуката на Кривичен суд.