Мицкоски: Ја победивме „хотел коалицијата“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Гордана Силјановска – Давкова на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека народот бил сам против власта, односно против „хотел коалицијата“, како што ги оквалификува СДСМ и ДУИ.
Мицкоски ги наброја Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Илинден, Аеродром, Битола, Охрид, Штип… и уште десетина градови низ земјава каде победи Силјановска.
„Ајде да ги победиме до крај, во вториот круг да се обединиме без разлика на етничка, апртиска и верска припадност. Ова е наша татковина, да одбереме подобра иднина и да се обединиме околу идниот претседател: Гордана Силјановска – Давкова. Вечерва славиме, а од утре повторно на терен“, повика Мицкоски.