Мицкоски ја бара подршката од Левица за вториот круг


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ѝ подава рака на Левица за поддршка во втгориот круг на локалните избори, но дека остава тие сами да одлучат. Мицкоски и порано неколку парти ја повикуваше Левица за соработка, но оттаму останаа глуви за овие предлози.

„Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски.  

Тој рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Најави дека утре ќе се види со Зијадин Села.