Мицкоски го обвини Заев дека се возел во скапо „бмв“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја започнале кампањата за локалните избори со „можеби најголемата лага досега што ја смислиле, а тоа е дека биле најдоброто во Македонија и најдоброто во секоја општина во Македонија“. Христијан Мицкоски, зборувајќи на митингот во Неготино рече дека Зоран Заев и СДСМ единствено биле најдобри „по лажење и по крадење“. И дека тие биле најголемите предавници кои што некогаш се родиле во Македонија.
Мицкоскиго обвини Заев дека се вози во „бмв“ од 100.000 евра, додека „народот го пикаат во болници кои горат за две минути“.