Мицкоски: Ако бидам премиер ќе ја викам Македонија – нека ми го земат мандатот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ 21 рече дека ако во иднина биде премиер, ќе го употребува името Македонија, и по цена да му го одземат мандатот.
-Ова е за мене Македонија и Македонија ќе остане. За да се случи промена на Уставот, ние чесно пред граѓаните ќе излеземе со две понуди. Се знае, за да се промени Уставот, за да отидеме ние чекор назад, мора да имаме 80 пратеници и услов Бадинтер. Ме прашувате зошто го употребувам името Македонија. Јас ви давам одговор, никогаш нема на митинг, на состанок, да го употребам името со новата придавка. Грев ли е да викам Македонија? Нека ми го земат мандатот. Кажувам отворено, никогаш нема да ја кажам придавката на новото име. Никогаш, нека ми го земат и мандатот, рече Мицкоски.