Мицкоски до Заев: Ајде на избори, па да видиме колку блескаш


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди два термини за предвремени парламентарни избори. Според него, тие би требало да се одржат на почетокот на април или кон крајот на мај другата година.

Предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Ние сме подготвени во секое време штом се распушти парламентот. Предлагаме да одиме на избори на почеток на април, имајќи ги во предвид Велигденските празници или кон крајот на мај поради Рамазанските празници. Останува на парламентарното мнозинство да одлучи. Ние ќе ги употребиме сите демократски алатки да ги натераме да ги прифатат нашите аргументи“, рече Мицкоски и дополни дека работните групи треба да договорат во колку изборни единици би се одвивало гласањето.

Претседателот на владата, Зоран Заев претходно рече дека сега фокусот е на економијата, а избори може да има само во октомври в година, однодно два месеци пред редовниот термин.