Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени


Фото: Б. Грданоски

Пазар со уставобранителите и осудените за 27 април со уставните измени нема да има, тоа не го сакаат ни тие. Од она што го имаме како информации и од адвокатите со кои зборуваме, не сакаат на крај на денот да ги третираат како терористи, затоа е и овој Закон за амнестија, за да се исправи огромната грешка со Законот за амнестија од 2018 и селективната правда, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски за „10 минути“ на ТВ21.

Мицевски потенцираше дека уставобранителите биле уценувани да кажат дека имаат направено нешто за да добијат помали казни, не го сториле тоа и не бараат милост туку правда.

– Затоа ние како пратеничка група, по инцијативата на двајцата адвокати ги повикавме на средба им укажавме на забелешките, се сложија и таа иницијатива е поднесена во Собрание на 3 февруари. Првата седница е на 13 февруари, очекуваме дека нема да имаме пречка или некој технички злоупотреби на процесот од страна на Талат Џафери и истото ќе се најде на дневен ред, рече Мицевски.

Тој додаде дека  е важно  дека се опфатени сите осудени лица и со ова законско решение ќе се исправи селективната правда.

-Пред Врховниот суд има барање за вонреден правен лек и ова ќе значи забрзување на процесот за конечно овие луѓе да си ја најдат правдата и да не бидат селективно осудени, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека ако го следиме целиот овој процес ќе видиме дека најавените уставни измени беа најавени по изгласување на францускиот предлог дека власта ќе започнат со уставните измени.

Содржината продолжува после огласот

РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: МК. студент по медицина на Харвард открил метод кој ви помага да изгубите 52 килограми за 28 дена
Sponsored by MonadPlug
Тој посочи дека потоа власта се помести за Уставни измени за почетокот на оваа година па сега гледаме дека одредени структури од СДС велат дека тоа би се случувало напролет или летото дури се оди и до таму што се зборува дека овој мандатен состав нема да направи уставни измени.

„Зошто го зборувам ова ? Затоа што можете да ја видите кохезијата која ја има во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери а со последниот закон кој го поднесовме законот за амнестија“, рече Мицевски

Мицевски посочи дека на законите предложени од опозицијата се потпишани сите пратеници, додека пак кај власта на еден закон не се потпишани сите пратеници.

„Законот за амнестија е потпишан од 44 пратеници и тоа е најголемиот број на пратеници во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Сега ќе прашам најдете закон на кој се потпишани сите пратеници од владејачкото мнозинство и коалицијата на СДС заедно на еден закон. Таков закон јас ве уверувам дека нема“, вели Мицевски.