Метрополитен опера ќе ѝ плати 200.000 долари на Ана Нетребко поради откажување на настапите бидејќи не ја осуди руската инвазија


 

Американскиот суд ѝ наложи на Метрополитен операта од Њујорк да ѝ плати 200.000 долари на оперската пејачка Ана Нетребко за откажување на нејзините настапи, откако таа одби јавно да го осуди Владимир Путин за инвазијата на Украина. пишува „Њујорк тајмс“.

Судијата дошол до заклучок дека операта мора целосно да ги плати 13-те претстави откажани по иницијатива на операта, бидејќи договорот подразбирал плаќање, без разлика дали тие се одржале или не.

Претставниците на операта инсистираа да не плаќаат, бидејќи Нетребко одби да го исполни нивното барање јавно да го осуди Путин за инвазијата и, според нив, ја прекрши клаузулата од договорот што го регулира јавното однесување на страните.

Судијата во својата одлука истакна дека Нетребко има право на поддршка од Путин и самиот овој факт не е нешто за осуда или незаконско.

Во исто време, судијата го одби барањето на Нетребко да добие дополнителни 400.000 долари како надомест за учество во идните продукции, бидејќи тоа не било официјално договорено. Нетребко доби и парична казна од 30.000 долари за „крајно несоодветни“ изјави – особено за фактот што пејачката ги нарече критичарите „злобни, како слепи агресори“.

Пред почетокот на војната, Нетребко постојано јавно го поддржуваше Владимир Путин. По руската инвазија на Украина, Нетребко првично не го коментираше тоа јавно, поради што главните западни места, како Метрополитен операта и Баварската опера, почнаа да одбиваат да соработуваат со неа. На 30 март, повеќе од еден месец по почетокот на војната, Нетребко ја осуди инвазијата и нагласи дека не е сојузник на руското раководство. После тоа, нејзините настапи почнаа да се откажуваат во Русија.