Меси се претстави во Париз, откри кој беше клучен за трансферот
Доскорешниот фудбалер на „Барселона“, Лионел Меси, се претстави на навивачите на наговиот нов клуб, парискиот Сен Жермен (ПСЖ).
Аргентинскиот волшебник вчера официјално го заврши трансферот и потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а денеска за првпат се обрати на јавноста како играч на парискиот гигант.
Меси го избра бројот 30 на дресот, кој има посебно значење за него бидејќи првиот натпревар во дресот на Барса го одигра со него на грб. Подоцна го носеше бројот 19 броеви, како и легендарната десетка.
Неговите први зборови дојдоа да ги слушнат неколку илјади фанови кои создадоа вистинска лудница, како пред стадионот, така и пред фан шопот каде што има невидена гужва, редот за купување на дресот на Лео се протега околу аголот на зградата каде што е фан шопот се до метро станицата.
? The view from outside the Parc! ??#PSGxMESSI pic.twitter.com/26oO8CAUPB
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 11, 2021
Пресреќниот претседател на клубот Насер Ал Келаифи не го криеше задоволството.
„Пред десет години кога го започнавме овој проект, имавме големи амбиции, ова што го постигнавме денес е круна на се, многу сме горди на се што постигнавме. Ви благодариме Лео, таткото Хорхе, сопругата и целото семејство”, рече првиот човек на ПСЖ.
Потоа на присутните им се обрати Меси:
„Пресреќен сум, сите знаете како беше моето заминување од Барселона, тоа беше многу тежок момент за мене после толку години“, започна Аргентинецот, додавајќи: „Сакам да освојувам трофеи како првиот ден“.
ТЅој нагласи дека едвај чека да им се придружи на соиграчите на тренинзите.
„Уживам во Париз од моментот кога пристигнав. Преговорите беа навистина брзи и лесни, ситуацијата не беше таква, но тие го направија тоа”, рече Меси.
„Повторувам, јас сум исклучително среќен и едвај чекам да го одиграм првиот натпревар. Се уште сакам да освојувам трофеи како кога започнав да играм фудбал и со персоналот и со овој клуб сум подготвен да се борам за сите трофеи”.
„Трофеите ми се најважни, затоа дојдов тука бидејќи мислам дека ќе можам да го направам тоа со ПСЖ. Сигурен сум дека ќе уживам во Париз и сакам уште еднаш да им се заблагодарам на управата и претседателот што ме донесоа”.
? The moment Leo Messi met with the ?? fans! #PSGxMESSIpic.twitter.com/x30NhCRQEx
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 11, 2021
Осврнувајќи се на играњето со Нејмар и Мбапе, Меси рече дека е лудо што ќе се гледа секој ден на тренинзи, не само со нив, туку и со остатокот од тимот.
„Летово ПСЖ донесе неколку одлични играчи и јас навистина сакам да започнам да тренирам со нив што е можно поскоро и да се натпреварувам бидејќи се работи за најдобрите играчи во светот. Ова ќе биде неверојатно искуство”.
На прашањето кога ќе биде подготвен да настапи, Меси рече дека не знае бидејќи до сега бил на одмор и сето ова е многу ново за него.
„Вчера разговарав со стручниот штаб, можеби ќе ги направиме подготовките само за мене. Tренирам и ќе работам напорно за да се подготвам што е можно поскоро. Би сакал да одговорам на вашето прашање но навистина се уште не сум сигурен и не можам да ви дадам конкретен одговор. Кога ќе се чувствувам подготвен, ќе дебитирам”“, рече Меси.
Тој додаде дека се што се случи минатата недела било многу чудно, тешко и се случило брзо.
„Беше многу емотивно. Не можам да заборавам што оставив зад себе во Барселона, но јас сум желен да започнам ново искуство во мојата кариера. Помина цела недела за мене. Беше ‘горе -долу’ и сето ова го впивам малку по малку“, рече Меси.
Тој додаде дека навивачите му го олесниле целото искуство.
„Беше неверојатно да ги гледам на улиците во Париз и јас сум им благодарен за се. Сакам да ги видам на стадионот сега, ова ќе биде прекрасна година“, рече Меси.
Зборувајќи за трансферот и за другите играчи на ПСЖ, Меси рече дека ги познава Ди Марија, Паредес, како дека веќе ги запознал сите нови соиграчи.
„Веќе контактирав со сите преку Нејмар, тој направи многу во овој трансфер. Ја следам Лига 1 поради моите пријатели во ПСЖ. Шампионатот многу се засили во последните години, сите тимови се многу подобри бидејќи ПСЖ е голем предизвик за нив и секој сака да го победи. Тоа ќе биде големо искуство за мене, нови стадиони, нови ривали”, рече Меси.
„Се разбира, одлуката за напуштање на Барселона не беше лесна. Тоа е мој дом, играв таму од детството. Сега се приклучив на многу силен тим. Сакам да победувам, ова е важна цел. Сакаме да постигнеме уште поамбициозни цели. Би било убаво да се сретнеме со играчите на Барселона. Ќе биде многу чудно да се игра во Барселона, но за различен тим, истакна Меси на првото обраќање како играч на ПСЖ.
? Front row seat for Leo Messi’s first meeting with the fans at the Parc! ?️❤️?#PSGxMESSI pic.twitter.com/eghzAjSFLa
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 11, 2021