„Меморија“ го промовира својот троен албум во живо од ланскиот концерт во арената „Борис Трајковски“


По концертот, лани, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ реши целиот материјал да го издаде на носач на звук во вид на жив албум. И тоа во двоен формат – на ЛП плоча и на ЦД. Велат, се работи за вистински уникат, каков што во Македонија никогаш досега не е издаден, а е вистински раритет дури и во историјата на екс-ЈУ музиката во регионот.

 „Меморија“ издадоа троен албум насловен: „Меморија 2024 Live“, сместен на три ЛП плочи. На него е ставени 21 песна изведени од бендот, зашто ЛП форматот толку максимално собира, додека двојното ЦД содржи 25 песни од целиот концерт и во него се вклучени и изведбите на специјалните гости на концертот.

Музички продуценти на албумот се Мите Димовски и Давор Јордановски, а то мајстор е Евгениј Каревски. Извршната продукција ја потпишуваат Бошко Мангаровски и Христина Георгиевска, која е автор и на графичкото решение.

Албумот е произведен во DADAC – SONY во Австрија и е издание на КЛС – продукција. Печатен е во лимитиран број на примероци, од кој речиси веднаш целиот тираж е распродаден.

Промоцијата на албумот „Меморија 2024 Live“ во арена Борис Трајковски е закажана за среда, 21 мај 2025 година, во 13.30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот „Скопје“.