Мексико под закана на моќниот ураган Сајмон со ветрови од 225 километри на час
Моќниот ураган Сајмон од четврта категорија со голема брзина се движи кон мексиканскиот брег, а брзината на ветровите достигнала 225 километри на час, соопшти утринава Националниот центар за урагани во Мајами.
Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Се очекува Сајмон да донесе од 25 до 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на одделни места количеството врнежи би можело да достигне и до 76 сантиметри, се наведува во соопштението на Центарот.
Властите ги повикаа жителите брзо да се подготват за невремето. Во мексиканската сојузна држава Халиско најавија дека во понеделник нема да има настава, а веќе почнаа и со евакуација на десетици луѓе од најзагрозените подрачја.