Мексиканската претседателка до Трамп: Северна Америка може да се нарече Мексиканска Америка
Претседателката на Мексиком Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска Америка“ – историското име што се користело во раните мапи на регионот – како одговор на најавата на Доналд Трамп дека Мексиканскиот Залив ќе се преименува „Американски залив“.
Wowww ‼️ Mexican President Claudia Sheinbaum responds to Trump on his proposal to change the name of the Gulf of Mexico — and points to a 17th century map of greater México.
“We are going to call it América Mexicana. It sounds pretty, no?”
— David Adler (@davidrkadler) January 8, 2025
„Мексиканска Америка, тоа звучи убаво“, рече Шејнбаум, покажувајќи на мапата од 1607 година на која е прикажана Северна Америка под тоа име. Претседателјата, која се судри со Трамп во последните недели, ја искористи прес-конференцијата за да зборува за историјата, со помош на старите мапи и поранешниот министер за култура Хозе Алфонсо Суарез дел Реал.
Трамп на вчерашната конференција го спомена преименувањето на заливот
„Факт е дека Мексиканска Америка е препознаена од 17 век како име за целиот северен дел на американскиот континент“, рече Суарез дел Реал покажувајќи ја областа на мапата. Што се однесува до Мексиканскиот Залив, Суарез дел Реал рече дека името е меѓународно признато и се користи како референца за поморска навигација стотици години.
Трамп вчера зборуваше за преименување на заливот што се протега од Флорида до Канкун, Мексико, на прес-конференција за време на која презентираше широка експанзионистичка агенда, вклучително и можноста за преземање контрола врз Панамскиот канал и Гренланд.