Меѓународна изложба на кучиња во Скопје


Денес и во недела на стадионот на АРМ ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „Оctober Dog Show“ во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошките клубови Поларис и Лотус Ројал.

Кучињата ќе бидат оценувани од судии од Северна Македонија, Србија, Перу, Литванија и Словачка. Најдобрите ќе добијат сертификат за државен шампион CAC и интернационален сертификат за првак во убавина CACIB.

 

 Во рамки на настанот за денес е планирано да се одржи специјализирана изложба за расата шнауцер, а во недела специјализирана изложба за расата германски шпиц.