Меѓународна бронза за пингпонгарката Изабела од Берово


Изабела Ковачовска од пинг понгарскиот клуб (ППК) Зегин Берово во категорија двојки заедно со Љупка Шенк од Босна и Херцеговина на меѓународен турнир во Нови Сад, Србија освои трето место во младинска категорија. 
 
Традиционалниот и меѓународен турнир во Нови Сад, Србија, се одржа од 13 до 15 dекември со учесници од многу европски земји што го прави овој успех уште поголем.
 
На турнирот настапија млади пингпонгари од неколку клубови од Македонија и голем дел од нив со добра игра издвојуваа пласман во 64, 32 и 16 најдобри од над 600 учесници.
 
Турнирот во Србија покажа позитивен тренд на развој на младите играчи од македонските клубови, не само по освоениот медал, туку и по прикажаната игра од десетиците наши претставници.