Meѓу старлети, и една кралица: Што облече Ранија од Јордан на свадбата на Безос?
Венеција– Тридневната спектакуларна свадба на милијардерот Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез во Венеција донесе многу малку стил во однос на облеката на избраните гламурозни гости на двојката, од тајкуни, актери, пејачи до старлети. Дел од гостинките, од кои многу се очекуваше со изгледот, потфрлија, дали од преголеми очекувања или од непрактичните такси-глисери во кои дење-ноќе се качуваа и се симнуваа со високи потпетици и долги тоалети.
Меѓу бројните објавени и споделени фотографии, незабележано помина присуството на кралицата Ранија од Јордан насвадбата, кја со ставата и елеганцијата е веќе модна икона. На венецијанската свадба на годината, таа уште еднаш покажа дека таа титула не е заработена случајно.
Со оглед на тоа што 54-годишната Ранија од Јордан отсекогаш промовирала современ допир на кралското семејство со своите модни избори, остана доследна на својот стил на неодамнешната свадбена прослава на технолошкиот могул и неговата избраничка -ги „одбрани“ модните бои на Јордан: на свадбената церемонија на двојката, таа носеше спектакуларен фустан од колекцијата Armani Privé за пролет/лето 2025 година.

Стануваше збор за макси фустан кој имаше прекрасен разнобоен хоризонтален, едвај видлив шарен дизајн направен од свила со нежен, речиси етеричен цветен принт и светло, Тифани син шал што ги покриваше нејзините рамена, а таа се одлучи и за луксузен сет модни додатоци. Нејзиниот дијамантски ѓердан во форма на мали цветни декорации со рафинирана сребрена нараквица и чантичка во пастелно розова боја предизвика восхит.
Кралицата носи Прада
Секогаш будните модни коментатори на Инстаграм коментираа: „Впечатливо, но суптилно во исто време“. Друга додаде само еден збор: „Елеганција!“, додека трета напиша: „Неверојатно шик“, објавува Hello! Во таа пригода беше придружувана од нејзината ќерка, принцезата Иман, во зелена креација од Оскар де ла Рента.

Еден ден подоцна, најубавата кралица на светот избра импресивна облека за приемот во чест на младенците, во летен розов фустан од колекцијата на Fendi за 2018 година со уникатна текстура на материјалот: тежок свилен фустан е комбиниран со лелеава, речиси мрежеста текстура на материјалот.
Се завитка во свилен шал во иста боја, во оваа пригода носеше пар розови лакирани чевли со високи потпетици од Gianvito Rossi и розова вечерна чанта. Својот изглед за пригодата го комплетираше со пар овални, златни обетки „солза“ и белозлатна нараквица од Dior.

Да додадеме и дека кралската модна икона пристигна во Венеција, за свадбената прослава на моќниот пар, во лежерна црна облека со сандали од Prada, пишува Instyle. Како и секогаш, таа изгледаше софистицирано и модерно во исто време, исполнувајќи ги очекувањата дури и на најпребирливите модни познавачи.