Медведев полуфиналист во Шангај

Данил Медведев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот што се игра во Шангај. Тој во последниот четвртфинален меч го победи Алекс Де Минаур од Австралија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4).
Негов противник во полуфиналето ќе му биде Французинот Артур Риндернех, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3), беше поуспешен од Феликс Оже-Алисиме од Канада.
Во второто полуфинале ќе играат Србинот Новак Ѓоковиќ и Валентин Вахерот од Полска, кои вчера обезбедија полуфинале.
Полуфиналните мечеви се играат в сабота, а финалето на програма е во недела.