Медиумите ѝ направија услуга на Левица со „Раде Шербеџија“


 

Невниманието на медиумите и брзината да се пренесе информација доведуваат до вистински заблуди.

Така еден поголем број медиуми јавија дека прославениот Раде Шербеџија бил на отворањето на нова канцеларија на општинскиот огранок на Левица во Ѓорче Петров.

Шербеџија не бил во Ѓорче Петров, туку на фотографија што предизвика своевиден спектакл кај дел од јавноста е Славко Митевски, професор по одделенска настава кој е советник на Левица во Општина Карпош. Митевски навистина, со шеширот и брадата наликува на Шербеџија, но само на брз и невнимателен поглед. А нејзиниот лидер, Димитар Апасиев, задоволно напиша на социјалните мрежи: „Знае Раде кај е силата“.