Медиуми добија дојава дека за 35 минути во Атина ќе експлодира бомба. Експлодира!


Експлозија се случила пред канцеларијата на Грчките железници во Атина, соопшти во петокот грчката полиција, додавајќи дека засега нема извештаи за жртви. Полицијата го блокираше пристапот до областа откако два грчки медиуми добија дојава дека ќе се случи експлозија во рок од 35 минути, соопштија полициски претставници. Зградата е евакуирана.

Сè уште никој не ја презел одговорноста, а истрагата е во тек.

Грчки железници е дел од италијанската компанија Ferrovie dello Stato.

Во 2023 година во Грција се случи железничка несреќа, најлошата во таа земја, при што загинаа 57 лица, главно студенти.

Многу Грци ја гледаат несреќата како симбол на запоставувањето на железницата во земјата во последните децении, како и неуспехот на државата да ги реши безбедносните проблеми.

Несреќата предизвика гневни протести, дополнително поттикнати од недостигот на доверба во институциите.