Медицински отпад фрлен во контејнери на „Јужен булевар“


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашната ноќ и денеска регистрирале два случаја на незаконско одлагање медицински отпад во контејнерите поставени на булеварот „Македонија“, поранешен „Јужен булевар“.

Еко-патролата заедно со комуналните редари на Град Скопје и Државниот санитарен инспекторат, ги отстраниле садовите врз коишто било извршено темелно чистење и дезинфекција.

ЈП “Комунална хигиена”-Скопје апелира до правните субјекти што во рамките на својата дејност создаваат медицински отпад, да не го исфрлаат во садовите поставени на јавни површини, затоа што на тој начин го загрозуваат здравјето на вработените во претпријатието и ја контаминираат непосредната околина.