Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
Пратеникот Амар Мециновиќ на седницата за пратеничките прашања во Собранието упати низа критики за надворешната политика на Владата, обвинувајќи ја за напуштање на традиционалниот и европски ориентиран дипломатски курс на Македонија и за прекумерно усогласување со позициите на САД.
Како пример го наведе гласањето во Генералното собрание на ОН против резолуцијата за прекин на огнот во ГАЗА, спротивно на очекувањата на јавноста и политиката на Македонија, но и на тенденцијата на европските земји.Пратеникот од Левица дополна дека ова првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал ПРОТИВ кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија. На крајот, Мециновиќ се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван.
„Главните стратешки приоритети на државата, а тоа го знаат најголемиот дел на граѓаните на Република Македонија се зачленување во ЕУ, стратешкото партнерство со САД и продолжување на нашето партнерство во НАТО. Ние сме унисони во мировните политики на САД и ЕУ кои имаат намера и интерес да владее мир на Балканот и Балканот да биде интегриран, односно земјите од Западен Балкан да се интегрираат во Европската унија“, одговори Димитровски и додаде дека целите како држава ќе бидат поставувувани и ќе бидат како што рече, во согласност со нашите партнери САД и ЕУ.
На крајот, тој бара јасен одговор од Владата дали Македонија стратешки се определува за САД или за Европа, предупредувајќи дека во време на криза во трансатлантските односи, оддалечувањето од европската траса е ризично и штетно за државата.