Мечка забележана на паркинг во Ростуше, жителите исплашени


Жителите на Ростушевчера попладне забележале мечка на паркинг простор во селото. Инцидентот предизвикал страв и вознемиреност меѓу локалното население.

Според очевидци, мечката била забележана додека шетала меѓу паркираните возила, а кучиња почнале да ја лаат, по што таа се повлекла.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Жителите апелираат на претпазливост, особено во вечерните часови. објави Скопје1.мк