Маж загина на концертот на „Оејзис“ паѓајќи од височина на стадионот „Вембли“


 

Маж загина на концертот на „Оејзис“ во саботата откако паднал од височина на стадионот „Вембли“ во Лондон. Полицијата кажа дека медицински лица реагирале по дојавата дека маж во 40-ти години е повреден.

Тој беше пронајден со повреди соодветни на пад и беше прогласен за мртов на самото место“, кажа лондонската полиција.

Оејзис“, кои пред неколку недели ја почнаа повратничката турнеја, соопштија дека се шокирани и тажни од веста за несреќата, чии околности не се познати.

Стадионот беше преполн и веруваме дека голем број луѓе биле сведоци на инцидентот и можеби свесно или несвесно го снимиле со мобилен телефон“, соопшти полицијата.

Браќата Лијам и Ноел Галагер се обединија како „Оејзис“ по речиси 16 години пауза и во јули ја почнаа повратничката турнеја, при што седум пати го распродадоа капацитетот на „Вембли“.