Математиката може да биде забавна – погледнете како учат дечињата од градинката „Орце Николов“


Малите истражувачи од ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје успешно реализираа eTwinning проекти Децата од групата „Јаболчиња“ при ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје, под водство на воспитувачот Лилјана Илиевска.

Изминатата година активно учествуваа во два едукативни проекти преку онлајн платформата eTwinning – JOYFUL MATH и LET’S LEARN THROUGH ART.

Со голема посветеност и радост, малите истражувачи на возраст од 4-5 години ги реализираа сите предвидени активности, преку кои ги унапредија своите математички вештини – препознавање броеви, броење, поврзување количества, создавање шаблони и користење едноставни математички операции.

Покрај тоа, проектите ја поттикнаа нивната имагинација и креативност, овозможувајќи им да се изразуваат преку различни бои, форми и материјали. Овие активности значително придонесоа за развојот на важни лични особини кај децата, како што се иницијативноста, трпението, упорноста, љубопитноста и прецизноста.

Дополнително, учеството во онлајн проектите овозможи рано запознавање со дигиталните алатки, поставувајќи цврста основа за развој на дигитални вештини соодветни на нивната возраст.

Успешната реализација на проектите претставува значајно искуство во образовниот раст и развој на децата, отворајќи нови можности за учење и креативно изразување во градинката.

Што е најважно, проектот беше забавен, а тоа донесе радост и возбуда во учењето, правејќи ја градинката место на позитивно доживување за децата.