Маскерано нов тренер на Интер Мајами


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и на аргентинската репрезентација Хавиер Маскерано ќе биде назначен за нов тренер на Интер Мајами, потврди вечерва американскиот клуб.
Маскерано во моментов ја предводи младинската репрезентација на Аргентина, а според информациите, раководството на Интер Мајами веќе се договорил со 40-годишниот стратег и тој ќе потпише долгорочен договор.
Маскерано е фаворизиран да го тренира тимот од ѕвездата Лионел Меси. Двајцата беа долгогодишни пријатели и соиграчи во аргентинската репрезентација и Барселона. Покрај тоа, за американскиот клуб настапуваат и поранешните соиграчи на двајцата Аргентинци во Барселона – Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.
Маскерано во Интер ќе седне на местото на неговиот сонародник Херардо Мартино, кој поднесе оставка на почетокот од оваа недела.