Масакрирани стотици цивили во Етиопија


 

Бројни очевидци тврдат дека етиописката војска и нејзините соработници масакрирале стотици цивили во градот Маи Кадра недалеку од границата со Судан, во регионот Тиграј.

Според зборовите на очевидците, во текот на почетниот хаос што настана по првите денови од офанзивата на војската на Етиопија врз бунтовниците во Тиграј, етиописките војници и нивните помагачи убивале цивили со мачети и ножеви, или ги давеле со јажиња, додека телата на ѓртвите со денови не биле закопани, пренесе АП.

Воените злосторства почнаа на 9 ноември во едно гратче недалеку од границата со Судан, но се уште не е јасно кој над кого извршил злосторство, со оглед на тоа дека биле камуфлирани со офанзивата на етиописката војска.

Од Етиопија во Судан пребегаа речиси 50.000 луѓе, од кои многумина тврдат дека припадници на војската на Етиопија „убивале кого ќе стигнат“.