Марк Руте: Шансите Бугарија да го крене ветото се 50 до 60 отсто


Изборот на нов шеф на НАТО е високо политички процес: Марк Руте

 

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека ја разбира фрустрацијата на Македонија и Албанија, кои во моментов се заглавени во чекалната на пристапот во ЕУ поради бугарското вето.

И покрај актуелната реконструкција на владата во Бугарија, Руте е уверен дека Софија наскоро ќе го укине ветото.

„Бугарите сега вршат притисок за пробив“, рече тој. И покрај тоа што нагласи дека „ништо не е лесно на Балканот“, има „50 до 60 отсто шанси за пробив во следната недела“.