Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ од затвор однесен во болница


Марјан Стаменковски

 

Поради здравствени проблеми кои не можеле да се санираат во притворот во затворот „Скопје“, Марјана Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, синоќа бил пренесен во Клиничкиот центар. „Макфакс“ објави дека била повикана Итна помош, но дека таа констатирала дека е потребно болничко лекување.

За какви здравствени проблеми станува збор не се знае. Директорот на затворот, Филип Андов, ја потврди информацијата но даде повеќе детали.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Тој се гони дека сторил две дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци. Против него е поднесено обвинение и му се суди. Истовремено, Обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела од страна на Стаменковски.