Марио Драги: ЕУ мора да се справи со Кина и заканите на САД без да биде протекционист
Европската унија мора да се брани од предизвиците на Кина и САД без прибегнување кон протекционизам, изјави денеска поранешниот италијански премиер Марио Драги. Драги, исто така поранешен шеф на Европската централна банка, ја пренесе силната порака само неколку недели по предупредувањето во многу очекуваниот извештај дека Европа се соочува со „егзистенцијални“ предизвици. Шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен минатата година побара од Драги да даде извештај за тоа како блокот од 27 земји може да ја зајакне својата конкурентност во услови на зголемена глобална несигурност и економски предизвици.
Драги сега работи на тоа креаторите на политиката на ЕУ да ги послушаат неговите предупредувања.
„Европската унија е отворена економија и е поотворена од кој било друг. Педесет отсто од нашиот БДП доаѓа од трговијата, наспроти 37 отсто во Кина, 27 отсто во САД“, рече Драги.
„Ние сме различни од САД. Не можеме да изградиме протекционистички ѕид“, рече тој на настанот организиран од тинк-тенкот „Бројгел“ во Брисел.