Маричиќ се сретна со Вархеи во Брисел


 

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Тие двајцата разговарале за политичката ситуација во Македонија, за скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година.

На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори Северна Македонија да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот.

Вархеи на средбата го најави новиот извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој укажа дека во оваа фаза од процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ ќе ги постави многу повисоко целите, но и насоките во Патоказите за подобрување на резултатите во сите области.

На средбата се разговарало и за новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан, со кој соговорниците беа согласни дека е добра и силна порака за регионот дека мора да се подготви побрзо за членство во ЕУ.