Малолетник во Матејче прободен од врсници
Двајца малолетници од село Матејче, липковско, биле лишени од слобода откако со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда.
– На 29.09.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
„По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.