Малолетно девојче силувано од пет малолетници во Скопје


Мајката на 13-годишно девојче, пријавила дека врз нејзината ќерка е извршена обљуба од пет малолетници, со кои таа контактирала преку социјалните мрежи.

На 20.07.2020 во 14 часот во СВР Скопје, 41 – годишна жена од Скопје пријавила обљуба врз нејзината 13 – годишна ќерка. Според пријавеното, кон крајот на 2019 малолетничката најпрво контактирала преку социјалните мрежи со пет малолетници од Скопје, со кои се познавала од претходно, а потоа имале и интимни контакти.

За настанот е известен тим од Центарот за социјални работи и Jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.