Малолетник заврши во болница по напад со нож од врсници во Скопје


Малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ поради повреди добиени од напад со нож од страна на неколку малолетници.

„Денеска (17.09.2024) пријавено е дека во близина на училиште во Скопје, малолетник бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.