Малолетник повреден во пожар во куќа во Батинци

Во четвртокот, во 10.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во куќата на Ш.М. од село Батинци.
При тоа бил опожарен долниот кат и дел од горниот кат, а со изгореници се здобил 16-годишник, кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.