Малолетничка со мотор удрила во запрежно возило


Во неделата, во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај село Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од истото село, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В.И.(74) од истото село.

Во незгодата малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.