Максим Димитриевски ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ


„ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална. Ги повикуваме граѓаните слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта“, изјави потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Ова е деликатна зона за Максим Димитриевски, кого во вториот круг може да биде перцепиран какко кандидат кој за да победи е подготвен во традиционалниот сдмовски бастион да се здружи и со ВМРО-ДПМНЕ.