Макрон: „Прерано“ е за договор меѓу Бугарија и Македонија


 

Откако беше окажана прес-конференцијата на тројцата актеулни лидери на ЕУ, по самитот со Западен Балкан, францускиот претседател Емануел Макрон изјави за новинарите дека е „малку прерано“ да се предвиди договор меѓу Бугарија и Македонија.

„Следните часови и следните денови ќе бидат важни за да видиме дали ќе најдеме договор меѓу Северна Македонија и Бугарија… сѐ уште е малку прерано“, рече Макрон пред неговиот состанок со либералните лидери од групата Обнови ја  Европа.