Макрон: Итно да се запре турската офанзива во Сирија


 

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше  со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупреди дека последицата може да биде заживување на активностите на т.н. Исламска држава.

Според соопштението  од кабинетот на Макрон, тој истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре. Во соопштението не се наведува дали Макрон ги повикал американските сили да интервенираат.

Макрон ја истакнал потребата да се запре „секое заживување на Исламската држава во регионот“ и да се поддржат курдските сили, кои помогнаа воената коалиција предводена од САД да ја преземат територијата на Сирија и Ирак од екстремистите од терористичката Исламска држава.