Македонското знаме гордо се развеа на Сена (фото)


Спектакуларното свечено отворање на Олимписките игри во Париз вечерва е проследено и со до сега невидено дефиле на спортистите учесници на Олимпијадата. Националните претставници дефилираат со бродови на Сена на патека долга шест километри.

Меѓу учесниците се и македонските олимпијци кои ќе се борат против најдобрите спортисти на светот во шест различни спортови на Олимписките игри.

Пливачот Никола Ѓуретановиќ, борачот Владимир Егоров, таеквондистката Милијана Рељиќ, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и атлетичарот Дарио Ивановски се нашите претставници кои ќе ги бранат боите на Македонија.

Македонското знаме гордо се вееше на рекката Сена. Знаменосци беа Дарио Ивановски и Мила Рељиќ кои со другите учесници им отпоздравуваа на присутните на спектакуларната манифестација.

На Олимпијадата во Париз, најмногу претставници ќе имаат САД со 592 спортисти, а потоа домаќинот Франција со 573, Австралија со 460, Германија со 428, Јапонија со 403, Кина со 388, Шпанија со 383, Италија со 371, Велика Британија со 327…