„Македонско девојче“ се пееше во Париз: Еве како српските кошаркари ја прославија бронзата

Популарната песна „Македонско девојче“ се слушна во Париз на прославата на српските кошаркари за освоената олимписка бронза. Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ заедно со другите од репрезентацијата прославувале во кафуле во Париз, при што изнајмиле и пејач на народни песни.
— o’lakovas (@turuptup) August 11, 2024
Во еден момент, селекторот Пешиќ ја запеал „Македонско девојче“, а Јокиќ се качил на столче и заедно со останатите кошаркари ја пееја македонската песна.