Македонските У18 кошаркарки на стартот против Романија на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години денеска отпатува за Литванија каде ќе се игра Европското првенство од Дивизијата „Б“ за оваа возрасна категорија.
Нашата јуниорска селекција ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 4 јули (четврток), од 12.00 часот во Алтиус против селекцијата на Романија.
Наредниот ден, на 5 јули, од 17.00 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Германија.
„Во изминатите четири недели играчите работеа со максимална енергија на секој тренинг. И на секој нов тренинг доаѓаа уште помотивирани, момент кој што многу ме радува. Исто така, во овие четири недели направивме едно семејство што е клуч за секој успех. Како што реков цел ни е енергијата мотивацијата од тренинзите да ги пренесеме во Литванија – вели селекторот Виктор Петровски пред почетокот на шампионатот.
Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во ТОП 8 фазата, односно онаа преку која ќе се бараат идните учесници на ЕП од Дивизијата „А“ во оваа возрасна категорија.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО „ПОД 18“ – ЖЕНИ – ДИВИЗИЈА „Б“ – АЛТИУС/ВИЛНУС
ГРУПА А: Ирска, Германија, МАКЕДОНИЈА, Романија, Шведска
ГРУПА Б: Словачка, Луксембург, Естонија, Австрија, Холандија
ГРУПА Ц: БиХ, Литванија, Косово, Украина, Исланд, Азербејџан
ГРУПА Д: Бугарија, Хрватска, Норвешка, Данска, Велика Британија
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ГРУПА А
4. ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)
12.00: Романија – МАКЕДОНИЈА
5. ЈУЛИ (ПЕТОК)
17.00: МАКЕДОНИЈА – Германија
6. ЈУЛИ (САБОТА)
19.30: Шведска – МАКЕДОНИЈА
7. ЈУЛИ – СЛОБОДЕН ДЕН
8. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
МАКЕДОНИЈА – слободна
9. ЈУЛИ (ВТОРНИК)
12.00: МАКЕДОНИЈА – Ирска