Македонските ракометарки поразени од Унгарија на Европското првенство


 Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз на последниот меч на Европското првенство, откако беше поразена од домаќинот Унгарија со 29-19 (11-10).

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен.

Најефикасна за македонскиот тим беше Ристовска со шест гола, додека за Унгарките исто толку постигна Шолози-Шац.

Европското првенство го завршуваме со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло, а претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска. 

Дали ќе успееме да го освоиме третото место кое носи полесни квалификации за СП 2025 година ќе биде познато вечерва по мечот меѓу Турција и Шведска.